Поради последиците од состојбата со коронавирусот во Македонија, Стопанската комора на Македонија формираше Кризен штаб, соопшти претседателот на Комората, Бранко Азески, во обраѓање до членките.

„По реализирани интензивни контакти со компаниите, со претставниците на власта и со економските експерти изминатата недела, одлучив да формирам Кризен штаб во рамките на Комората. Останува функционирањето на службите на СКМ врз основа на мојата наредба издадена истиот ден кога е и прогласена вонредната состојба. Тоа значи дека од денеска преминуваме на работа во вонредни околности на сите нивоа“, наведува Азески.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...