Седма година по ред најдобрите студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии добија стипендии од енергетските компании од земјава. ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО продолжуваат да ги поддржуваат студентите и образовните процеси за да се продуцира висококвалификуван кадар. Претставниците на енергетските компании во овие осум млади луѓе, кои денеска добија стипендии, гледаат свои идни колеги.

Досега доделивме околу 40 стипендии. Половина од стипендистите се веќе наши колеги. Работат, напредуваат, се развиваат во професионалци, подготвени да се носат со сите предизвици во работата. Некои од нив веќе работат на позиции каде што има можност да одлучуваат за многу важни процеси на компанијата.“ Изјави, Сашо Стојковски- ЕВН

Loading...

Shpërndaj me

Loading...