ЕВН Македонија, заедно со државните енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО, денеска доделиja стипендии за осумте најдобри студенти на Факултетот за електротехника и информациони технологии. Според раководството на овие големи енергетски фирми, стипендиите не треба да се сметаат само како финансиска помош, туку како одлична можност за пракса и вработување за оние кои ќе покажат резултати.

“Би сакал да посветам неколку лични зборови од моето срце: Учете, учете и учете многу бидејќи тоа се враќа. Вие веројатно сакате да уживате во студентскиот живот, но во ред е, има уште време и за тоа, но наскоро ќе разберете, за неколку години ќе завршите во реалниот свет и ќе сакате да бидете плаќани за она што го правите“, изјави Штефан Петер, ЕВН

Shpërndaj me