Паѓа бројот на заразени од сипаница. Во текот на неделава регистрирани се нови 70 случаи во сите центри за јавно здравје во Македонија, што е за 30% помал број споредено со претходниот период од почетокот на епидемијата. Во главниот град се регистрирани само 11 случаи, што е драстичен пад споредено со претходниот период, додека во осум градови има постојано нови случаи. Тетово, Струга и Куманово и понатаму водат по бројот на заразени, а покрај нив, нови случаи се регистрираат и во Велес, Гостивар, Валандово и Штип.

Институт за јавно здравје:

Во текот на оваа недела, највисокиот број на случаи се над 30 годишна возраст. Додека според вакциналниот статус, 55 од регистрираните случаи или 78,6% се невакцинирани, вакцинирани само со една доза или со непознат вакцинален статус“.

Од околу 15.000 лица до 14 годишна возраст кои не биле вакцинирани, во Скопје останале само 1.300 кои не примиле имунизација против сипаница. Останува загрижувачки бројот на невакцинирани надвор од главниот град. Сепак, епидемиолозите предвидуваат дека епидемијата ќе трае и понатаму. Од почетокот на епидемијата во декември лани, општиот број на регистрирани со сипаница достигна околу 2.000 случаи, а на цела територија се вакцинирани околу 30.000 лица.

Вјолца Алити

Loading...

Shpërndaj me

Loading...