Судовите лани помалку го опструирале Специјалното јавно обвинителство во споредба со претходните години. Ова е нотирано во извештајот на Стејт департментот во однос на човековите права за 2018 – та година во земјава. Во документот стои и скандалот со манипулирањето на електронскиот систем за распределување предмети во Кривичен додека судот го водеше Владимир Панчевски.

Цитирани се и делови од посебниот извештај на СЈО кој се однесуваше за судии кои работеле под политички диктат. Па така во извештајот на Стејт депратментот место заработија Владимир Панчевски, судијките Софија Лаличиќ и Светлана Костовска кои беа спомнати и во бомбите, поранешната членка на Судскиот совет, Александра Зафировска како и актуелниот шеф на Врховен, Јово Вангеловски инаку кум на поранешниот висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Вељановски.

Извештај на Стејт департмент:

Шефот на Врховниот суд Јово Вангеловски споделувал клучни информации во врска со активните случаи со политичари и функционери“

Но во извештајот свое место најдоа и поплаките на обвинетите во предметите на Катица Јанева. Голем дел од поранешните високи функционери во владата на ВМРО – ДПМНЕ во судница се жалеа дека судења им се закажуваат речиси секој ден.

Извештај на Стејт департмент:

Властите не секогаш на обвинетите им овозможи соодветно време и можности да ја подготват својата одбрана. Особено обвинетите од СЈО се жалат дека судот не обезбедува доволно време да подготват одбрана“

Стејт депарментот го нотира и судењето за 27 – ми април, како и амнестијата на дел од обвинетите.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...