Наместо да им ги исплати заостанатите плати, стечајната управничка на пропаднатата телевизија НОВА, ги тужи новинарите. Повеќе од десетина новинари кои работеа во оваа телевизиска куќа се тужени поради аванси за службени патувања. Паричните средства им се давани на новинарите од страна на менаџментот на телевизијата за трошоци за време на службени патувања надвор од државата. Новинарите по враќањето од службените патувања уредно се раздолжиле, но сметките од трошокот што го направиле едноставно исчезнале, па сега стечајната управничка кон нив постапува како кон должници на телевизијата. Стечајната постапка за НОВА ТВ која беше сопственост на бизнисменот Сеад Кочан се отвори во јуни 2018 откако една година претходно вработените се жалеа дека им доцнат или не им се исплаќаат плати. Телевизијата почна со работа на почетокот на 2016 година.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...