Стапката на невработеност во првиот квартал годинава падна на 21,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на статистика, во земјава има 749.892 вработени и 206.748 невработени лица.  Бројот на невработени споредено со последниот квартал минатата година е намален за 0,3%, додека споредено со истиот квартал лани, невработеноста е помала за 1,3 проценти, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Shpërndaj me