Тешко се реализираат капиталните проекти во земјава. Јавниот долг полека се стабилизира и изнесува 43 отсто, но тоа е без да се вклучат задолжувањата на државните фирми кои изнесуваат 10 отсто од БДП. Од Европската Унија сметаат дека е потребна поголема транспарентност кај трошењето од јавните претпријатија како и нивниот долг да влезе во долгот на државата. Ова се клучните предизвици за следнава година кои се важни за европскиот пат на земјава.

„Треба да се одобри новиот Закон за буџет, со фискалните правила и да се направат подготовки за независен фискален совет. Добро да се воведат правилата што ги нема во моментов во земјава, а ги има во земјите од Европската Унија, а тоа е јавниот долг да не смее да биде над 60 проценти и буџетскиот дефицит да не надмине три отсто“, рече Фрек Јанмат, шеф на одделот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ.

Старите проблеми на македонската економија и оваа година излегоа на површина. Претставникот на Брисел испрати критики за слабото вработување на  младите, но и за високиот степен на сива економија која отвара можност за нефер конкуренција. Во препораките, но и во критиките на Европската Унија за економијата во Македонија се наведува и високото ниво на депозити во евра кои ги имаат граѓаните. Исто така од Европската Унија побараа што поскоро да се консолидираат пензиите според инфлацијата.

„Да се зајакнат институционалните капацитети на граѓанските судови, да се стави фокус во спроведување на Младинската гаранција со акцент врз неразвиените региони и кадровското екипирање на Агенцијата за вработување и Националниот младински совет. Треба да се забрза модернизацијата на образовниот систем на сите нивоа преку подобрување на инфраструктурата, наставните програми и квалификациите на наставниците“, додава Јанмат.

Државата има рок од една година да ги спроведе овие реформи. Од Унијата се свесни дека само дел од препораките ќе бидат реализирани, дел ќе бидат делумно, а добар дел од нив нема да бидат ниту започнати. Тоа е искуство од минатите години и нема голема отстапка во исполнувањето на обврските години наназад.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me



Loading...