Старата хидроцентрала „Матка“  од денеска е изложбен центар. Со тоа Македонија е прва земја со ваков Центар за електрична енергија во регионот. Преку изложбените експонати „ЕВН Македонија“ ја раскажува историјата за тоа како се произведувла и како сега се произведува електричната енергија. Преку изложените експонати,  новите генерации ќе може да дознаат како се произведува струјата. Од „ЕВН Македонија“ велат дека овој изложбен Центар е одлична можност учениците од сите училишта, па и сите граѓани кои сакаат да дознаат како се произведува струјата, бесплатно да го посетат и да уживаат во убавините на Матка, но и во исторската вредност на овој Изложбен центар.

„Како општествено одговорна компанија, Изложбениот центар „Матка“ го ставаме на располагање на сите образовни институции во Македнија без надомест и се надеваме дека содржините  што ги има тука ќе бидат дел од образовната програма. Наша цел е Изложбениот центар „Матка“ да биде место кое ќе ги охрабри и поттикне младите да сонуваат за иновации и прогрес.“ – изјави Штефан Петер – претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија

Loading...

Shpërndaj me