Од полноќ стапија во сила владините мерки – лица над 67 години да не излегуваат од дома од 11 претпладне до 17 часот попладне. За оние до18 години, полицискиот час трае од 21 навечер до 12 часот напладне. Цела Македонија е со рестриктивно движење два дена. Сепак, иако излегувањето од дома по 21 часот е забрането, полицијата синоќа на улиците регистрирала 133 случаи на непочитување на забраната. Најмногу во Скопје или 44 лица не останале дома.

Приведени се 26 граѓани. На територија на државата има 156 полициски пункта. Од денеска според новата мерка, рестриктивно движење имаат и младите до 18 години. Доколку излезат од дома после 21 навечер до напладне утре дента, нивните родители се соочуваат со парична казна од 200 до 500 евра. Иако Европа и светот презема вонредни мерки за справување со корона вирусот, според евиденцијата на МВР за дупло е зголемен бројот на лица кои ја напуштиле земјава или 843 граѓани вчера одлучиле да патуваат. Граничната полиција регистрирала 860 граѓани кои допатувале.

Алсат дознава дека МВР работи на упатство како војската да го користи оружјето со оглед на тоа што пунктовите се мешани од полиција и војска. Во услови на полициски час и строго утврдени правила кој може да се движи, по социјалните мрежи се проширија фотографии од униформирани полицајци со недолична содржина. За едната од нив, МВР утврдило дека не станува збор за полицаец туку за граѓанин кој лажно се претставил и за тоа ќе добие пријава за лажно претставување и ќе треба да плати глоба помеѓу 600 и 800 евра.

„Притоа, истакнувам дека на една од заедничките фотографии МВР утврди дека станува збор за овластени полициски службеници и против истите согласно законските одредби ќе бидат преземи соодветни постапки од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, а за исходот од истите благовремено ќе биде информирана јавноста“, порача министерот Наќе Чулев.

Обвинителството бара од три лица од Куманово да платат по две илјади евра. Двајца зашто не го почитувале карантинот додека третиот спротивно на забраната го отворил угостителскиот објект за гости. Три лица за непочитување на излоцијата, обвинителството гони и во Битола. Бара да обвинетите да платат по 100 дневни глоби од по 40 евра. Парична казна за непочитување на мерките од Корнавирусот и задолжително седење дома, обвинителството предлага и за по едно лице од Штип, Кочани и Охрид. Сите допатувале во Македонија од земји со висок ризик, но не останале дома.

Бојан Стојановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...