Местото на Северна Македонија и Албанија е во Европската Унија. За жал уште еднаш важни одлуки за иднината на ЕУ стануваат жртва на неодговорно однесување, базирано на краткорочни внатрешнополитички размислувања, изјави лидерот на Партијата на европските социјалисти, Сергеј Станишев на подготвителната средба на левите премиери и еврокомесари пред Европскиот совет денеска во Брисел.

Тој нагласи дека во моментов францускиот претседател Емануел Макрон води политика на инает.

-Тоа не е демонстрација на сила, напротив тоа е спротивното – немоќ, рече Станишев и додаде дека реформите и обновувањето на ЕУ не можат да се спроведат на овој начин – со непочитување на критериумите, правилата, солидарноста и процесот на градење доверба.

-Ние како Бугари имаме болно искуство со овој метод – повеќе од десет години чекаме пред Шенген портата. Новото одложување на овие преговори ќе биде погубно за политичките процеси во тие земји, ќе силен демотивирачки факктор за останатите во регионот и сериозно ќе ја поткопа довербата во ЕУ како двигател на позитивни промени во земјите-кандидатки. Единствениот ефект од тој чекор ќе биде разгорување на антиевропски популизам и национализам. Во старите земји-членки тој веќе ги поткопува основите на ЕУ, на Балканот може да биде експлозивен. Не смееме тоа да го дозволиме, рече лидерот на ПЕС.

На покана на Станишев денеска премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, како и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас учествуваа на состанокот.

Во специјалното писмо, кое Станишев го испрати до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, Станишев настојува во име на ПЕС прашањето да биде ставено на дневен ред на Самитот.

-Задоволен сум поради тоа што напорите, кои беа вложени од нашето политичко семејство вродија со плод и темата сепак ќе биде на масата на лидерите вечерва. Ние го поддржуваме почетокот на преговорите со двете земји – тие завршија огромна работа изминатите години, предводени од прогресивните влади на Заев и Рама. Сега на потег е ЕУ да ги испочитува преземените обврски кон нив и тоа е преовладувачко мислење во Европскиот совет, рече денеска Станишев.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...