За да се зголеми соработката меѓу странските инвеститори и домашните компании Владата во иднина да размисли со клаузула во договорите за државна помош, да ги обврзе странските инвеститори да имаат добавувачи од земјава. Иако во послените години се зголемува бројот на домашни добавувачи за странските инвеститори, учеството се уште е многу мало.

Од Сојузот на стопански комори велат дека ова барање не го доставиле до Владата. Велат дека со сегашното законско решение инвеститорите само се мотивираат за соработка со локалните добавувачи.

„Според вредноста на субвенциите кои ги добивате да се одреди одреден соодност 3,5,7, 10 проценти  од вашиот производ да содржи локални суровини“, рече Трајан Ангеловски, член на Управен одбор на ССК.

Ангеловски порача и домашните компании да работат на кадровско-технолошко осовременување за да понудат квалитетен производ.
Според анализата на коморите за 2018, само 4 отсто од анкетираните компании се изјасниле дека се дел од вредносните синџири на компаниите од слободните економски зони, а 6 отсто обезбедуваат одреден тип на услуг.

За некаков вид на соработка се изјасниле 13 отсто, 18 отсто бараат можност за да соработуваат и многу високи 59 отсто немаат никаква соработка и не превземаат конкретни мерки за надминување на ваквата состојба.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me