Спортско рекреативниот центар „Кале“ кој во минатото беше синоним за ракометни успеси, во иднина ќе биде центар на македонската кошарка. Кошаркарската федерација го доби правото да менаџира со овој објект и тој ќе биде центар за развој на млади категории. Во спортската сала „Кале“ во 2012 година, екипата на Кометал Ѓорче Петров ја славеше титулата шампион на Европа, а таму своите натпревари ги играше и одбојкарската репрезентација. Челниците на Кошаркарската федерација, најавуваат дека „Кале“ќе биде комплетно реновиран.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...