Одбојкарите на Србија станаа европски шампиони по триумфот во финалето против Словенија со 3:1.

Но, славењето на трофејот беше проследено со алкохол и се чини дека претераа со тоа, бидејќи во објавените снимки, тие се слушаат како пеат за Косово: „Косово, Косово, нашата драга земјо“.

Веста ја објавија скоро сите балкански медиуми, а во наредните денови се очекува образложение од страна на српската одбојкарска федерација. Инаку, репрезентацијата на Србија во одбојка, втор пат во последните осум години стана европски шампион, но овој пат без ниту еден претрпен пораз.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...