Србија и Косово синоќа не успеаја да пронајдат заедничко решение во најновите обиди да се приближат кон постигнување договор за нормализација на односите што го очекува Европската Унија.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по разговорите со косовскиот претседател, Хашим Тачи, и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Федерика Могерини, изјави дека дијалогот со Косово ќе продолжи кога Приштина ќе ги повлече нејзините противправни одлуки.

„Никој од нашите претставници нема да се појави во Брисел додека тоа не биде направено“, изјави Вучиќ и истакна дека во политичка смисла на Србија ѝ претстојат тешки денови.

Од другата страна, Тачи по разговорите рече дека Србија поставува ултиматуми и додека е така не е можно да се води дијалогот.

„Дискурсот на Вучиќ беше агресивен, додека ние имавме правичен и избалансиран однос“, оцени Тачи.

Loading...

Shpërndaj me