Светиот архијерејски собор на СПЦ донел одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква (МПЦ), пишува „Спутник“ повикувајќи се на извори од весникот „Политика“.

Прашањето за МПЦ  во средата било единствената тема на состанокот на највисокото црковно тело во Србија.

Како што се наведува, СПЦ со спроведувањето на одлуката за продолжување на дијалогот со МПЦ ќе се занимава по заседанието на Соборот, Светиот архијерејски синод на СПЦ.

Изворот за весникот навел дека српската црква „не сакала да иницира обновување на дијалогот со Македонците додека бил во затвор архиепископот Јован Вранишковски“.

„Тој, меѓутоа, е пуштен на слобода во 2015 година и учествува и на овој, како и на неколку претходни заседанија со Соборот на СПЦ, заедно со владики од Православната охридска архиепископија, која е под закрило на српската црква“, пренесува „Спутник“.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...