Американскиот музичар Чајлдиш Гамбино со спотот за синглот “Тhis is America” предизвика дебата ширум целиот свет.  Видеото на јутјуб е објавено пред само една недела, а веќе има 99,047,169 прегледи.

Пораката во спотот е различно толкувана од медиумите според кои станува збор за полициското насилство, расизмот, положбата на Афроамериканците во САД, користењето оружје и бизарните трендови.

Сите се согласни во едно, спотот мора да го погледнете повеќе пати поради многуте скриени пораки.

“Ролингстоун” го опиша спотот како “кошмар од кој не може да го тргнете погледот”.

Shpërndaj me