Британската полиција истражува шест тврдења за извршени сексуални напади од страна на актерот Кевин Спејси, односно уште три обвиненија кои не беа откриени претходно.

Холивудскиот актер е под истрага за сексуално злоставување на уште тројца мажи, со што бројката на оние кои го обвинуваат Спејси достигна осум лица.

Станува збор за инциденти од 1996, 2008 и 2013 година, а веста ја обелодини актерот Гај Пирс за време на интервју во кое тој призна дека Спејси се однесувал чудно кон него.

„Ми беше тешко да работам со Кевин на сет. Тешко ми е да зборувам за тоа. Тој е неверојатен актер, но да, беше тешко.“, рече Пирс додавајќи дека Спејси е многу снаодлива личност.

Пирс додаде и дека имал среќа што тогаш имал 29, а не 14 години.

 

 

Shpërndaj me