Важноста на патните исправи е регулирана со Закон, чијшто текст не може да биде променет со одлука на влада, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски. Во одговор на новинарско прашање, дали се планира свикување на владина седница за надминување на проблемот со пасошите, Спасовски вели:

„Не е проблем свикување на владина седница, проблемот е што законот за патните исправи утврдува колку е важноста на патната исправа и секоја одлука на влада не може да го промени законскиот текст. Тука е клучната анализа што ние ја правиме. Направени се консултации со клучните партнери, со Фронтекс и тн. и очекувам дека ќе се најде некое решение коешто ќе помогне во целата оваа ситуација“, рече Спасовски.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...