Советот за општи работи постигна согласност дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ во најкраток можен рок, официјално објави техничкиот премиер, Оливер Спасовски, на прес конференцијата која сѐ уште е во тек.

„Стигна верификацијата за успехот на нашите напори, за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции…овој успех е крај на нашето чекање од 15 години откако го добивме кандидатскиот статус“, рече Спасовски.

Техничкиот премиер им се заблагодари и на институциите на ЕУ и на државите членки за, како што рече, исправната одлука којашто денеска ја усогласиле.

„Благодариме што ги отворивте вратите за преговорите и што ни давате фер шанса да преговараме за членство во ЕУ. Нашите граѓани и институции таа шанса цврсто ќе ја зграпчат и максимално ќе ја искористат“, порача Спасовски.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...