Се засилува контролата на јужната граница со Грција поради последните случувања во Сирија и опасноста од пораст на бројот на бегалци кои би транзитирале преку државава. Во Македонија доаѓа и Фронтекс, европската гранична полиција создадена да ги штити надворешните граници на Унијата. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека за сега немаат најава за енормно зголемување на бројот на бегалци.

„Мигрантската криза во секој момент може да добие на интензитет и тоа не е само поради временските услови туку и заради состојбите кои се на Блискиот Исток, но и во регионот и поради односите на релација Европска Унија –Турција. Јужната граница ја чуваме заеднички со полициски службеници од повеќе земји од регионот и од Европа, а во завршна фаза сме на склучување на договор со „Фронтекс“ кој ќе помогне во заштита на нашата јужна граница и на тој начин можеме да констатираме дека Македонија е подготвена за било каков бран“, рече министерот Спасовски.

Спасовски кажа дека и двата прифатни центри во Табановце и Гевгелија се подготвени да примаат нови бегалци. Откако е затворена балканската мигрантска рута, значително е зголемен бројот на илегални преминувања и криумчари кои што се обидуваат бегалците за одредени суми на пари да ги префрлат од едната до другата граница. Значително е подобрена и соработката со грчите полициски власти.

„Воспоставивме еден нов начин на идна соработка. Формиравме заеднички тимови и заеднички контакт центри. Не само еден контакт центар, туку и контакт точки на кои ќе се соработува во зависност на проблематиката, во делот на миграција, организиран криминал, трговија со дроги“, изјави Лазе Велковски-директор на бирото за јавна безбедност.

Во Охрид шефовите на полициските служби од Југоисточна Европа разговараа како да ја подобрат борбата против прекуграничниот криминал, тероризмот и насилниот екстрмизам, со цел да се зголеми нивото на безбедност.\

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me



Loading...