Најважно во државата е да се почитува Уставот и законот, рече денеска техничкиот премиер, Оливер Спасовски, запрашан – дали би можело да се очекува повлекување на барањето за разрешување на министерката Мизрахи за да се спречи евентуална политичка криза.

„Можам да правам компромис и да разговараме за политички теми, можеме да бараме решение за тие теми, но да правам компромис за почитување на Устав и на закон, посебно на министер којшто даде свечена изјава пред граѓаните дека ќе почитува Устав и закон, тоа нема да се случи“, го повтори својот став Спасовски.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...