Црно на бело – ова е документот со потписот на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, а доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери со кој се бара разрешување на техничката министерка, Рашела Мизрахи. Барањето на Спасовски се заснова на член 94 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија. Според извршниот шеф, министерката намерно го прекршува Уставот, загрозувајќи ја евроатлантската иднина на земјата.

Реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, според кого, Оливер Спасовски ја носи државата кон сериозна политичка криза.

Барањето за разрешување дојде откако министерката Мизрахи се појави неколку пати на прес-конференција во Министерството пред табелата со старото уставно име „Република Македонија“. Таа рече дека е подготвена да плати и казна од 5.000 евра за непочитување на Законот за употреба на јазиците. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров повика на нејзино разрешување. Ставот на Мизрахи е дека таблата си била таму уште откако кога ја презеле функцијата, како наследство од поранешната министерка, Мила Царовска. Според Уставот, на следната седница Собрание треба да одлучува за предлогот за разрешување на министерката. Во овој случај, се очекува таква седница да се одржи во наредните 2 дена.

Аднан Ќаили 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...