Нема човек на кој не му паднал телефонот или не се наводенил. Тоа е една од најчестите и најлошите работи со кои можеме да се соочијме во моментите кога имаме најмногу потреба од него, а тоа е често. Но, за среќа има неколку универзални трикови ко ќе и помогнат да спречите поголема “катастрофа” од настанатата.

Ако ви падне во вода телефонот направете го следново:

Прво извадете од водата веднаш. Да, ова е најочигледниот чекор, но има луѓе кои мислат дека е безнадежна ситуацијата и креваат раце со тоа што го оставаат водата. Секундите се важни, затоа веднаш надвор од вода.

Исклучете го. Најчесто, самиот апарат се исклучува кога ќе падне во вода, но доколку не е, сторете го тоа вие. Потоа, извадете ја батеријата. Тоа ќе помогне телефонот да не прегори, а со отстранувањето го штитите од понатамошни оштетувања. Ако имате телефон кој не ви дозволува да ја извадите батеријата, прескокнете го овој чекор и продолжете понатаму.

Извадете ја сим картичката, како и мемориската картичка. Извадете ги сите капачиња и поклопки кои се наменети да ги покријат дупките за полнач, слушалки и слично.

Ставете го телефонот во вакум кеса. На овој начин ќе се отстрани водата која преостанала, а е тешко достапна.

На крај, ставете го телефонот во ориз за да ја апсорбира влагата. Ако имате среќа, вашиот телефон е спасен на време.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...