Со чартер летови до скопскиот аеродром треба да бидат вратени во земјава повеќето од македонските државјани во странство кои побарале помош од МНР. Тие ќе треба да си ги платат авиобилетите и да прифатат да поминат во карантин 14 дена што го покрива државата. Јавниот повик до авиокомпаниите да се организираат чартер летовите ќе го упати Генералниот секретаријат, за што Владата донесе уредба синоќа на седница.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров вчера кажа дека до крајниот рок за пријавување – 18 часот на 22 март 2020 година, помош од МНР да се вратат во земјава побарале 5000 македонски граѓани. Досега се обработени 4000 од пријавите, а 2100 граѓани се согласиле со поставените услови и ќе се вратат организирано.

Дежурен тим во МНР се јавува на секој пријавен поединечно за да каже дека заради кризата ќе треба да имаат извесен надомест за трошоците за чартер летот и дека ќе треба да прифатат да поминат двонеделен карантин.

Повеќето пријавени граѓани се од земјите во Европа, најмногу во Германија. Целта, вели Димитров, е пред се да им се помогне на тие што се затечени и не можат да се вратат, оние кои немаат друга дома.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...