Со средства од норвешката амбасада обезбедени се 25 респираторни машини за потребите на инфективната клиника, информираше на денешната прес конференција вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Како што кажа тој апаратите моментално се во депо во Турција и во тек се разговори околу деталите за нивниот транспорт поради отежнатиот патен сообраќај.

Од средства на ЕУ се купуваат и дополнителни 30 респиратори од Кина, но моментално се преговара и за нивниот начин на транспорт до Македонија, додаде Османи.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...