На црната листа на должници кои не ги исполниле своите обврски до крајот на минатата година може да се видат многу познати компании од различни сектори, но исто така и некои јавни претпријатија кои со години не плаќаат даноци. Освен „Македонија пат“ на листата неплаќачи на даноци е државниот загубар „Еурокомпозит“. Долгот кон УЈП на оваа компанија за кое што владата бара инвеститор кој што ќе ја купи, заклучно со декември лани достигнал 2,2 милиони евра.

ЈП Македонија пат                                              5,1 милион евра
ЈКП Комуналец-Гостивар                                   3,1 милиони евра
Еурокомпозит                                                      2,2 милиони евра
ЈКП Тетово                                                          2 милиони евра
Чистота и зеленило -Куманово                           1,7 милиони евра
ЈКП Стандард -Дебар                                          1,3 милиони евра
ЈП за стопанисување со објекти за спорт            790 илјади евра
МЖ Инфраструктура                                          530 илјади евра
Македонска радиодифузија                                370 илјади евра

Високо на листата на должници се и неколку комунални претпријатија. Така долгот на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар изнесува 3,1 милиони евра. Јавното комунално претпријатие -Тетово пак, на државата за неплатени даноци и придонеси и должи 2 милиони евра.

Долгот на „Чистота и зеленило“ од Куманово кон УЈП изнесува 1,7 милиони евра, додека Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар должи 1,3 милиони евра.

Од останатите јавни претпријатија и компании со долг помал од милион евра се и Јавното претпријатие за стопанисување со објекти од спортот кое на УЈП и должи 790 илјади евра. МЖ Инфраструктура должи 530 илјади евра, додека долгот на Македонска радиодифузија кон УЈП изнесува 370 илјади евра.

Прва на „црната листа“ на УЈП веќе подолго време е „Отекс“ од Охрид чиј што долг достигна над 15 милиони евра. Втора е компанијата за автобуси Ел Дон Кастило Ангел со долг од 7,3 милиони евра.

На листата од вкуниот број на должници 2.134 се фирми, 2.396 се граѓани. Вкупниот нето долг изнесува 164, 6 милиони евра што е за 1,5 милиони евра повеќе од претходната листа.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me