Социјално ранливите категории на граѓани да се пријават во некој од пунктовите на ЕВН за да можат да ги користат предвидените поволности, апелираат од Регулаторната комисија за енергетика. Иако бројот на граѓани кои користат социјална помош надминува над 30 илјади, досега ниту еден потрошувач се нема пријавено во ЕВН за користење на бенифициите.

„Ранливите категории на потрошувачи е предвидено во месеците декември јануари и февруари да не бидат исклучени, исто така се дава можност своите долгови доколку ги имаат да ги платат на рати, доколку биле исклучени во другиот дел од годината за нив да не се плаќа трошок за повторно приклучување…“, рече Марко Бислимовски- претседател на РКЕ.

Во однос на дистибуцијата на топлинска енергија од Регулаторна денеска соопштија дека од почетокот на грејната сезона сите дистрибутери го почитуваат правилникот за греење. Околу реакциите на граѓаните по социјалните мрежи дека поради топлите денови навечер со нагло опаѓање на темературата, сепак имаат студени радијатори, Бислимовски вели дека во вакви услови мора да има рационална дистибуција на топлинска енергија за да не се фактурираат повисоки сметки.

Андреа Чобанова

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...