Сопругата на рускиот политичар Александар Дјатлов, инаку пратеник во локалното Собрание на Архангелск, Јулија се разголе заедно со неколку други манекенки за потребите на политичката кампања.

Провокативните фотографии, како и видеото од фотосесијата се дел од кампањата која ги повикува Русите масовно да излезат на претстојните претседателски избори в недела.

Во придружните коментари на фотографиите што се споделуваат на социјалните мрежи, пишува: „Се гледаме на гласачките места“.

Shpërndaj me