Средовечна жена на возраст од 61 година со тешки телесни повреди е пренесена во охридската болница по сообраќајна несреќа што вчера се случила во близина на центарот на Охрид.

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 20.08.2019 во 15.25 часот на улица „Илинденска“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес А170“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.С.(61) од Охрид и патничко возило „Опел зафира“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(23) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.С., а со телесни повреди се здобил А.Н. по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...