Една недела пред почетокот на новата учебна година, Синдикатот за образование се заканува со штрајк. Наставниците се незадоволни од минималното зголемување на платите од 5 насто. Претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков, и дава рок на владата од уште една недела и бара Синдикатот да биде активен учесник во креирањето на буџетот за образованието за 2020 година.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми вели дека платите во образованието се зголемени над 10%. Тој верува дека со следниот буџет ќе има дополнително покачување.

“Штрајк се организира во услови кога нема решение. Ние го нудиме решението. Кога ќе имаме јасни параметри што произлегуваат од самиот буџет, ќе објавиме идно покачување на платите. Досега имаме пораст на плата 5% во 2018 година, 5 % во 2019 година и ова е зголемување од над 10% во однос на платите што ги добија наставниците во август минатата година”, изјави Арбер Адеми, министер за образование и наука.

Адеми вели дека Министерството за образование е заинтересирано за квалитетен социјален дијалог со Синдикатот и со сите други вработени во образовниот сектор.

Алсат

Loading...

Shpërndaj me

Loading...