Владата најавува проекти за јавно – приватно партнерство, но без за тоа да одлучува советот за јавно – приватно партнерство, кој беше и промовиран токму со ваква цел – да анализира кои се ефектите од секој ваков проект, но и да дава свои предлози и сугестии. Владата веќе најави два обемни проекти за јавно приватно партнерство, едниот за гасификација и за хидроцентралата Чебрен, за кој Бектеши кој е и претседател на овој Совет тврди дека сите институции биле вклучени.

Да се има сретнато и сите овие проекти кој што вие ги наведновте ние ги правиме заеднички со сите институции кој што требаат да бидат вкучени како што е примерот со гасификацијата каде што беше вкучен НЕР, беше вкучен  кабинетот на вицепремиерот ние како министрство за економија од кабинетот на Премиерот и други надлежни институции – изјави Крешник Бектеши- Министер за економија.

Според информации на Алсат од членови на Советот овој состав  не одржал ниту една средба. Советот беше формиран во 2018 година на предлог на владата како тело кое требаше да дава совети пред да се донесат одлуките. Но, досега не бил свикан ниту еден состанок. Претседателката на Сојузот на Стопански комори Данела Арсовска која е член на Советот за Алсат потврди дека иако неколкупати побарале средба, Советот не се состанал досега ниту еднаш, или можеби имал состанок на кој она не била повикана. Алсат по ова испрати и  дополнителни прашањата до министерството за економија зошто се игнорирале мислењата на експертите но одговор не добивме. Според Законот за концесии и јавно приватно партнерство овој Совет брои 15 члена од кои еден претседател и заменик претседател. Освен претставници од министерствата во Советот има претставници од бирото за јавни набавки, ЗЕЛС, бизнис заедницата како и независни експерти.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...