Јавната расправа за рудниците ги искара невладините организации, инвеститорите и експертите. Невладините сметаат дека Законот за минерални суровини е штетен и нејасен оти не се знаело дали се однесува само на отворање на нови или пак ќе ги опфати и постојните рудници. Сметаат и дека отворениот систем на екстракција на рудата цијанид и сулфурна киселина е најголем загадувач на животната средина. Земјоделците пак велат дека ако се изгради „Казандол“, Валандово ќе стане град на духови.

„Децата и младите ќе мора да се прегледуваат секоја половина година додека трудниците и почесто. Толку сте сигурни во таа ваша технологија за ова да го препорачате? Толку сте сигурни во таа ваша технологија? Или во случај на докажано влошување на здравјето инветиторот ќе мора да почне со примена на планот контролирано преселување. Господо, ова е ваша студија и викате дека ќе треба да се иселиме од нашите домови.“ – рече Димче Балевски – органски производител

Невладината „Спас за нас“ смета дека сите концесии се наоѓаат во близина на водоснабдителни системи на градовите во кој се наоѓаат рудниците.

„Ова ќе направи геноцид на 400 илјади Македонци. Ќе ги иселиме како што Америка ги исели еден милион нивни граѓани. Каде ќе одат овие граѓани јас не знам?“ – посочи Ангел Наков – НВО организција

Инвеститорите сметаат дека со измените на Законот ќе се избркаат постоечките инвеститори во рударскиот сектор, но и новите.

„Законот е негативен, збунувачки за рударскиот сектор. Особено зошто ние пративме многу лоша порака и таа стигна до нашите инвеститори. Немој да инвестирате во Македонија затоа што таму брзо се менуваат законите, по брза постапка.“ – рече Николајчо Николов – директор на “Бучим“

Поделеност има во научната фела. Едни сметаат дека отворањето на рудници ќе предизвика егзодус во одредени подрачја, други пак предупредуваат дека и затворањето значи иселување на населението кое сега егзистира од рударство.

„Треба како држава да водиме сметка, стратегија дали имаме бенефит од минерални суровини, дали треба нешто да менуваме во концесиските договори, и на кој начин да го зглолемиме бенефитот.“ – истакна Благој Голомев – Универзитетски професор

Измените на Законот се на дневен ред се на 32 – рата седница и се носи по скратена постапка, а е поднесен од неколкумина пратеници. Министерството за економија препорача да не се изгласаат измените.

Верица Павлоска

Loading...

Shpërndaj me