Во Охрид започна изборното собрание на кое се очекува за иден претседател на Фудбалската федерација на Македонија да биде избран Муамет Сејдини. На собранието се присутни и Хајди Беха претставник на Фифа, Алекс Филипс како и Давор Шукер член на извршниот комитет на Уефа. Во Охрид дојде и Газменд Весели заменик директор на Агенција за млади и спорт. Давор Шукер рече дека соработката со Ффм била одлична и оти Македонија има историска шанса за пласман на европското првенство во фудбал. Уефа е среќна што има одличен партнер во Ффм.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...