Собранието е распуштено. На 12 април земјата оди на предвремени парламентарни избори. Седницата за распуштање на Собранието, пратениците ја искористија за помоција на партиските политики. Талат Џафери во име на ДУИ рече дека во овој мандат се реализирани сите програмски определби на интегративците.

“Целта на ДУИ беше да се регулира прашањето за употреба на албанскиот јазик подеднакво на сите нивоа на државните институции. ДУИ ги условуваше коалициите со придвижување кон евроатлантски пат што резултираше во стратешкото определување на оваа земја со цел граѓаните на оваа земја да станат полноправни членки на НАТО и ЕУ”, изјави Талат Џафери, пратеник на ДУИ.

Координаторот на СДСМ, Јован Митревски рече дека на 12 април граѓаните ќе му доверат друг мандат на СДСМ, со цел да продолжат со политиките за интеграција.

Претседателот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, рече дека инкриминираната влада на Зоран Заев завршува денес.

За време на гласањето за распуштање на Собранието, во салата не беа 7 од вкупно 8 пратеници од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ. Овој состав на Собранието беше конституиран по изборите на 11 декември 2016 година и го обележаа неколку драматични и историски моменти. На 27 април 2017, по изборот на Талат Џафери за негов претседател, се случи организираниот напад на Собранието, по неколкумесечно блокирање на конститутивната седница од страна на вмро дпмне.

Адријан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...