Собранието едногласно го усвои Договорот за заемно признавање на возачките дозволи меѓу Северна Македонија и Косово. Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, рече дека со него државјаните нема да имаат никаква обврска за нивно признавање од другата страна, ако се има регулиран престој.

Договорот го поддржа и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, пратеникот Илија Димовски ја обвини владата дека не ставила ниту еден камен за изградба на автопатот Скопје – Блаце. Додаде дека претходната влада уште во 2016 година им оставила спремен основен проект и физибилити студија.

Од СДСМ возвратија дека автопатот ќе се изгради наскоро бидејќи парите се веќе обезбедени од фондовите на ЕУ.

За крајот на месецов косовските власти ќе го пуштат во употреба автопатот кој ги поврзува Косово со Македонија односно од Хан и Елезит до Приштина.

Мефаил Исмаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...