Собранието го разреши министерот без ресор ангажиран за спроведување на стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Аксел Мехмедовски. На негово место беше избран Музафер Бајрам, по предлог на пратеникот Самка Ибраимовски, лидер на ПЦЕР. Според него, разрешувањето на Мехмедовски доаѓа поради неодговорност во последните десет месеци.

Собранието исто така го разреши и министерот без ресор, Аднан Ќахил: на негово место седнува Елвин Хасан. Предлогот за разрешувањето дојде од матичната партија односно Партијата за движење на Турците. Но, освежувањата во власта тука запираат. Премиерот Зоран Заев истакна дека нема да има поголема реконструкција иако последните месеци во јавноста се лиферуваа неколку министри од Владата кои се евентуално пред заминување.

Како што неколку пати неофицијално се спомнуваше, ДУИ бара алтернатива за вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор, Хазби Лика. Имено, за неговата работа лично премиерот Заев соопшти дека не е задоволен. Исто така, СДСМ е незадоволен од застојот и запирањето на реформите во образованието и настојува повторно да го преземе овој ресор кај себе – од ДУИ.

Не се знае дали тоа значи смена на образование со правда, институции кои постојано ги делат партнерите од коалицијата. Во меѓувреме, владини извори соопштуваат дека почнале анализи за трансформација на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во Министерство за политички систем и мултикултурализам.

Адриан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...