Честото менување на законите е пречка во водењето бизнис, се жалат сметководителите. Брзите промени на регулативите велат дека им создава несигурност во работењето. Дополнително тоа придонело и за незадоволство кај граѓаните при што имало тренд на зголемување на сивата економија. Сметководителите им порачаа на властите, и тие навремено да бидат вклучени во изработката на законите, а особено ако се работи за решенија од областа на даноците.

„Да се донесе закон кој ќе функционира, и нема да го смените после една година. Нема никој одговорност, нити еден во нашава држава не одговарал за погрешно донесен закон“, рече Драган Митковски, претседател на комора на сметководители при ССК.

Проблем не се само брзо донесените решенија, велат сметководителите.  Актуелниот Закон за вршење на сметководствената дејност не е применлив во делот на лиценцирањето на сметководителите. Завршната сметка наместо да ја потпишува само овластен сметководител, таа се заверува и од управител, тврдат сметководителите.

„ И што правиме сега со нашите уверенија, за што ни се? Каков бенефит имаат овластените сметководители, од нивното лиценцирање, и во пуштање во оптек на законот. Се донесе закон со кој само се наметнаа обврски на сметководителите“, рече Благоја Грозданов, Сојуз на стопански комори.

Во Македонија има 1713 фирми кои се занимаваат со сметководствена дејност, а 9700 лица кои се овластени, или лиценцирани сметководители. Освен нелојалната конкуренција, главната мака на сметководителите е слабата заинтересираност на младите луѓе да ја работат оваа дејност. Ниските плати и нерешениот статус се главите причини што сметководството одамна е неатрактивна професија.

Иле Петревски

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...