Албанскиот атлетичар, Измир Смајлај освои уште еден златен медал откако беше прв во дисциплината скок во далечина на Европското првенство за мали држави. Тој во Лихтенштајн успеа да постигне најдобар резултат од 12 атлетичари колку што учествуваа во оваа конкуренција. Тој скокна 7,9 метри, односно 23 сантиметри подалеку од неговиот ривал на втората позиција, Лаша Гулеури од Грузија. Победата на ова европско првенство е показател за добрата форма на Смајлај пред атлетското првенство кое ќе се одржи во Берлин од 7 до 12 август.

Shpërndaj me