Многу луѓе на своето работно место слушаат музика од разни причини. На некои им помага за побрзо да им помине времето, на некои им делува на концентрацијата, а на некои им користи за попречување на звуци од позадината.

Малкумина од претпоставените ќе се сложат со тоа дека на работно место треба да се слуша музика. Сепак, постојат веќе многу спроведени студии на оваа тема.

Симон Ритер од холандскиот универзитет Радбуд и Сем Фергусон од австралискиот технички универзитет, спровеле истражување кое покажало дека музиката го поттикнува креативното размислување. Тоа значи дека луѓето кои во работата им е потребна таква вештина, имаат огромен бенефит од музиката.

Исто така, истражувањето, кое е спроведено на Универзитетот Мајами, покажува голема сличност. Имено, лицата кои слушаат музика даваат подобри решенија и имаат интересни идеи. Слушањето музика исто така помага при отклонување на стресот на работно место, па експертите препорачуваат слушање на музика барем пред работа и на паузите во работното време доколку истата е забранета на работното место.

Студијата од Универзитетот Виндзор во Канада исто така покажала дека музиката помага при подобро завршување на работните задачи. Она што е важно, е тоа што научниците во конкретната студија им допуштаат на вработените да ја одберат музиката која ќе ја слушаат.

Научниците од Универзитетот Корнел, објавиле студија во која откриле дека сепак жанрот на музиката е важен. Слушањето весела музика на работно место, велат дека ја подобрува соработката со тимот и донесувањето одлуки во групи.

Затоа, доколку вашето работно место ви дозволува, пробајте да слушате музика.

Извор: енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me

Loading...