Вечерва во Скопје, македонската и словенечката фудбалска репрезентација ќе се сретнат по шести пат во својата историја. Првиот дуел ќе остане секогаш врежан во нашата историја, бидејќи беше прв историски натпревар по осамостојувањето.

Само еден, оној овогодинешниот од Љубљана, е официјален, а сите други се пријателски. Единствениот наш пораз се случи во март 2016 година во Копер, кога Безјак го постигна единствениот погодок.

Вечерва од 20:45 часот се предвидуваат околу 20.000 гледачи на „Тодор Проески“ во Скопје. /gol.mk/

Loading...

Shpërndaj me

Loading...