За фер и демократски избори, политичките партии не треба да влијаат врз работата на Министерството за внатрешни работи. Во панел-дискусијата организирана од ЦИВИЛ „Слободни избори против црната пропаганда“, заменик-министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска, исто така, истакна дека е потребна политичка волја за позитивна кампања, а не злоупотреба на полицајците.

Универзитетската професорка Јасна Бачовска и националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Заберчанец, оценуваат дека политичките партии овој пат треба да покажат ниво на политичка одговорност. Според нив, политичките дебати, говорот на омраза и навредите не треба да се развиваат и да бидат дел од социјалните мрежи.

Панелистите, меѓу другото, истакнаа дека медиумите играат важна улога во спроведувањето на редовните избори. Како што велат, речиси е изгубен квалитетот на програмите што во моментов се емитуваат, додека недостасуваат програмите за европска интеграција, култура и едукативни програми за различни полиња.

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me

Loading...