Од први до петнаесeтти декември на сметките на граѓаните кои скенирале фискални сметки треба да легнат околу три милиони евра. Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска информираше дека во просек едно лице  ќе добие по околу десет евра. Податоците на УЈП покажале дека од кога е на сила оваа мерка има значителен раст на  издавањето на фискални сметки. Во декември треба да се исплатат парите од скенираните сметки за  јули, август и септември.

Инаку податоците на министерството за  финансии покажуваат дека 170 илјади граѓани скенираат фискални сметки и чекаат поврат на средства од ДДВ. На 1 декември ќе биде доделена и награда од два милиони денари на компанија која ќе победи на хакатонот за избор на иновативна маркетинг стратегија за наградната игра „МојДДВ,#МојаНаграда“.

„Покрај правни субјекти, значи етаблирани маркетинг агенции, очекуваме во секој од тимовите да бидат вклучени студенти. Очекуваме дека добитните решенија зависно од одлуката на Комисијата ќе биде партнерство помеѓу етаблирана компанија и студенти“, рече Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...