На 18 и 19 ноември и официјално ќе започнат преговори за членство на Македонија во НАТО. Од Илинденска велат дека се целосно подготвени и оти надлежниот комитет за интеграција во НАТО веќе започнал со работа.

Но, за членство во НАТО Македонија треба целосно да го спроведе Преспанскиот договор и реформите во политичко-економската, воената и правната сфера, безбедноста и во прашањето на ресурсите. Преговорите за членство ќе траат до јануари, а експерти тим на НАТО ќе го дискутира спроведувањето на потребните реформи. Во февруари министерот за надворешни работи, Никола Димитров, треба писмено да ја изрази подготвеноста на Скопје да стане дел од Алијансата.

До крајот на февруари, генералниот секретар до Евро-атлантскиот совет треба да го достави извештајот за пристапните преговори заедно со писмото на Димитров. Потоа, Советот го усвојува текстот на протоколот за членство и модалитетите за учество на Скопје во активностите на НАТО. Од март 2019, до март 2020 година, би почнала ратификација на Протоколот во земјите-членки.

На почетокот на април тоа треба да го стори Македонија, додека кон средината на истиот месец земјава го доставува инструментот за членство до Американскиот Стејт Департмент. За Македонија конечно да седне на заедничка маса со сите други земји- членки на НАТО, ќе треба успешно да ги помине сите овие фази.

Анеса Салиху

Shpërndaj me