Поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, во денешната емисија „Економски Магазин“, на АЛСАТ-М, рече дека рамниот данок, кој што сега сака владата да го смени со прогресивен, всушнот своевремено ги зголемил буџетските приходи за 20 проценти и оти се уште може да биде корисен за македонската економија.

„Првата година по воведувањето на рамниот данок буџетските приходи кај нас доживеаја – бум. 20 проценти. Јас бев министер за финансии, не знаевме што да им правиме на парите. Тоа беше резултат на воведување на рамниот данок, зголемување на финансиската дисциплина и намалување на сивата економија“, рече Славески.

Loading...

Shpërndaj me