Никако да почне изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Патната делница која Владата на ВМРО ДПМНЕ ја ветуваше од 2011 година, а се наоѓа најгоре на листата на приоритетни патни правци во програмата на Владата на СДСМ нема наскоро да го добие ветениот изглед со по три ленти во двете насоки. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели дека и тука има недостатоци во проектната документација.

“Факт е дека ќе биде морално да се направи репроектирање на проектот затоа што има очигледно проблеми врзани со тунелите, кои се предвидени на тој патен правец кој е во должина од 13 километри. Заради сите проблеми кои излегоа очигледно е дека репроектирање на овој проект треба да се направи.” – изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски

Пред изборите реализација на проектот ветија и од ДУИ. Станува збор за делница во должина од 13 километри, чија реализација треба да чини 69 милиони евра. Не се знае дали државата ќе го понуди на концесија или ќе го гради со сопствени средства. Состојбата со изградбата на автопатот Кичево – Охрид пак сѐ уште е обвиена со мистерија. Сугарески вели дека на терен се работи со намален интензитет. Сѐ уште се пресметува дали ќе се оствари сценариото дека автопатот ќе ја чини државата дополнителни 100 милиони евра.

“Работиме интензивно со надзорот на тоа да видиме колку од оние дополнителни средства, кои често пати ги кажуваме, да бидат во помала мера во делот на одвојување буџетски средства. Тоа ќе биде брзо соопштено, бидејќи се работи за сериозна сума пари, како што и тогаш кажав.” – вели Сугарески

Во однос на автопатот Миладиновци – Штип, во тек се преговори со кинеската компанија „Синохидро“ за потпишување анекс договор за довршување на трасата. Од друга страна, автопатот Демира Капија – Смоквица се очекува да биде пуштен во употреба до крајот на годината.

Мирко Трајановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...