Скопјанка со годишен приход од над 17 милиони евра е најбогатата Mакедонка за 2018 година според Управата за јавни приходи. Ова е првпат на врвот на листата најбогати  да се најде жена. Втор на листата е граѓанин од Скопје со остварен приход од 7,3 милиони евра. Највисоката плата исплатена е во секторот здравство во висина од 2,98 милиони евра на годишно ниво или месечнa бруто плата во висина од 250 илјади евра. Во топ 10 листата најбогати се наоѓаат нотари, извршители и угостители.

„Меѓу првите 10 на листата со највисоки приходи има и граѓани од Гевгелија, Струмица и Тетово. Најависоката годишна бруто плата исплатена во 2018 е во секторот здравство. На листата највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот трговија со тутун и тутунски производи, компјутерско програмирање, производство на метални производи, аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти“, рече Сања Лукаревска- Директорка на Управа за јавни приходи.

Најсреќниот Mакедонец е скопјанец кој во 2018 од игри на среќа заработил 871 илјади евра. Најбогатиот пензионер е од Скопје, примател на пензија од странство во висина од 92 илјади евра годишно. Најстариот жител кој остварил приход од над еден милион денари имал 99 години, додека најмладиот е двегодишно дете кое по основ на дивиденда има исто над милион денари или 16 илјади евра. За 2018 пријавени се 300 милиони евра приход, а годишни пријави пријавиле 800 илјади граѓани.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...