Милиони евра беа потрошени за поставување на повеќе од 600 камери по скопските улици, со чија помош требаше да се санкционираат неодговорните возачи. Седум години потоа, не е изречена ниту една казна за сообраќаен прекршок.

Всушност, постојат два центри за надзор на сообраќајот – Центарот за менаџирање со сообраќај под надлежност на Град Скопје со 52 камери и Надзорниот центар на МВР со над 600 камери. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, вели дека камерите се функционални, но дека се користат за безбедносни ситуации и во случаи на несреќи. За користење на камерите за изрекување казни за сообраќајни прекршоци, треба да се направат законски измени.

Сенко Смалиовиќ, директор на јавното претпријатие „Улици и Патишта“, под чија надлежност е Центарот за управување со сообраќајот, вели дека би било добро двата мониторинг центри, на МВР и на Град Скопје да се спојат во еден и да се регулира санкционирањето на неодговорните возачи.

Поставувањето на камерите беше дел од проектот „Безбеден град“, промовиран од тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Во првите месеци од нивното функционирање, МВР врачи само 150 прекршочни предупредувања. Освен во Скопје, камери се инсталираа и во Тетово и Куманово. За да се пренесе сигналот до центрите за мониторинг, беа поставени и над 300 километри оптичка мрежа.

Бесиан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...