Расте бројот на граѓани кои државата треба да ги обештети бидејќи не им биле уплаќани пари во вториот пензиски фонд, соопштија денес од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Досега 18 милиони евра, пари од државната каса Владата им префрлила на пензиските друштва за осигурениците на кои од Фондот за пензиско осигурување не им се уплаќале средства.

Но, од МАПАС велат дека наместо 12 илјади граѓани, бројката се искачила на 14 илјади кои немале уплати на приватните сметки, а бројот и не е конечен.

„Континуиран процес е, сè уште не е завршен. Со 30.6 ви ја кажав состојбата каква е. Четиринаесет илјади се префрлени од фондот ПИОМ во пензиските друштва…“, рече Дарко Саздов – МАПАС.

На почетокот на годинава министерката  за труд и социјална политика Мила Царовска го обелодени скандалот за кој иницираше и кривична процедура. Но, обвинителството одлучи да не поведе постапка иако беше нотирано дека на 12 илјади осигуреници не им биле префрлани пари во вториот столб. Вкупната сума која државата треба да ја врати на граѓаните е 19 милиони евра.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...