Земјотрес со сила од 5,9 степени го погоди северозападниот дел на Иран при што загинале најмалку четири лица, јавуваат странските агенции. Според првичните извештаи, повредени се најмалку 20 луѓе. Властите објавија дека изобилните дождови во областа ги попречуваат напорите за спасување. Американскиот геолошки институт во врска со овој земјотрес издаде предупредување во кое се вели дека станува збор за катастрофа со многу жртви.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...